Музичка Фонтана во Битола

Музичката Анимирана Фонтана во Битола е изработена со 2.5 тони диск во форма на старо македонски штит изработен од бакар и росфрај, кој го движи хидраулика и го ротира – наклонува на сите четири страни од светот, во такт на музика специјално компонирана за оваа фонтана. Програмата е во времетраење од 17 минути, по чие завршување штитот се спушта во долна позиција, каде прецизно се позиционира исто како и пред почетокот на шоуто. Оваа музичка фонтана е пропратена и со светлосни и водени ефекти. При денска светлина работи како стандардна фонтана.